Не запираме
Болеста никогаш не запира, затоа не запираме и ние. Не запираме затоа што луѓето кои се борат против болести заслужуваат најголема шанса за живот.
Болеста никогаш не запира, затоа не запираме ни ние
Од зголемените стапки на болести како дијабетес и рак до шок од дијагноза на ретки болести,
од управување со долгорочни болести до соочување со предизвикот на состојби поврзани со стареењето, како деменција,
болеста може да биде немилосрдна.
Но, ние #НеЗапираме во нашата потрага да откриеме и развиеме нови лекови за пациентите во Европа.
Тоа е она што нè држи будни во текот на ноќта. Тоа е она што нè движи.
И со над 7.000 нови лекови во развој, # НеЗапираме сé додека не помогнеме Европа да стане поздраво место за сите
#НеЗапираме
Достигнувања
Ние сме создадени за да се стави крај на страдањата на пациентите.
За да се продолжи животот и да се подобри неговиот квалитет.
Заради тоа, во 70-тите години, кога инфективните болести се пренесуваа од човек на човек, не запревме.
Во 80-тите, кога иглата и шприцот беа единствен избор за примање инсулин, не запревме.
Во 90-тите, кога добивањето HIV беше смртна пресуда, не запревме.
Во 2000-тите, кога уништувањето на клетките на ракот истовремено ги уништуваше и здравите клетки, не запревме.
И сега, по декади неуморна медицинска иновација, сè уште #НеЗапираме
.